Македонскиот репрезентативец Фатлум Жута е прогласен за најдобар боксер на 41-то издание на престижната боксерска манифестација „Златен гонг“.  Жута во финалето, во средна категорија, до 75 килограми, со 7:4 го победи Тунижанецот Амор Бахри.

„Го остварив сонот за да остварам победа на „Златен гонг“. Сега се насочувам кон подготовките и обидот да изборам настап на ОИ во Лондон“, изјави Жута.
Покрај Жута, Македонија во финалето имаше уште двајца боксери кои за жал не победија во своите категории. Поразени беа, Хајредини, во бантам, до 56 килограми, со 2:4 од Италијанецот Дисарино, додека во тешка категорија Тапковски во втората рунда му го предаде мечот на Демај од Албанија.
За најдобар техничар на „Златен гонг“ беше прогласен Тунижанецот Амор Бахри, најдобар млад боксер е Белорусинот Виктор Чухин, а за најборбен боксер е прогласен Џемал Бошњак од Босна и Херцеговина.
Победници по категории:
Мува, 49 килограми: Ѓорги Андонов-Бугарија
Бантам, 56 килограми: Алесио Дисарино-Италија
Лесна, 60 кг: Сјархи Куницин-Белорусија
Полувелтер, 64 кг: Ангел Хрустов-Бугарија
Велтер, 69 кг: Астмер Билали-Албанија
Средна, 75 кг: Фатлум Жута-Македонија
Полутешка, 81 кг: Џемал Бошњак-Босна и Херцеговина
Тешка, 91 кг: Шристијан Демај-Албанија
Супертешка, над 91 кг: Рок Урбанц-Словенија
“Макфакс“
Ohridnews