Како ретко кој тренер Зинедин Зидан во дебитанската сезона во сениорскиот фудбал успеа да го освои трофејот од Лигата на Шампиони. Неговите избраници во финалето од ЛШ го совладаа Атлетико и на Сантијаго Бернабеу го донесоа 11-от трофеј од најеминетното клупско натпреварување.

– Во една прилика мојот некогашен тренер и ментор, Карло Анчелоти ми рече дека посебно е чувството кога ќе ја освоиш Лигата на Шампиони како тренер отколку како играч. И морам да му признам неговите зборови се на место и вистински. – рече популарниот „Зизу“.

Со освоениот трофеј како играч и тренер Зидан влезе во одбранато друштво и обезбеди место во историјата на фудбалот.

– Со големи играчи во својот тим можеше да правиш и сонуваш големи работи. Се подготвуваме исклучиво самите за овој меч не гледајќи никаков видео материјал за Атлетико. Не сакав да се преоптеретуваме со нив туку да си ја завршиме ние нашата задача. Секако, трениравме пенали, но не ги гледавме нивните. – додаде Зидан.


Петте пенали „кралевите“ ги изведоа на левата страна од голманот Јан Облак кој не успеа да скроти ниту еден иако имаше добар натпревар меѓу стативите во текот на мечот.

Рекордна 11-та титула за Реал Мадрид во Лигата на Шампиони (видео)

OhridNews