Реал Мадрид му ја предаде палката во Ла лига на Барселона, откако ремизираше пред своите гледачи со Лас Палмас (3-3). „Кралевите“ треба да бидат среќни и со ремито, бидејќи со двата голови на Кристијано Роналдо во финишот се спасуваа од пораз.


Натпреварот на Сантијаго Бернабеу го одбележаа неколку судиски одлуки кои Зинедин Зидан не сака да ги коментира.

– Како и секогаш и сега нема да ги коментирам судуските одлуки. Можам да зборувам за нашата игра, каде грешевме и што можеме да поправиме. Во една сезона каква што е оваа ќе наидеш и на вакви противници кои се расположение за игра. Едноставно екипата на теренот не го одигра договореното од соблекувалната. Затоа многу брзо треба да се консолидираме и да свртиме друг лист и да заиграме како што само ние знаеме. – изјави Зидан.


Францускиот стратег го прокоментира црвениот картон на Герет Бејл кој репрезентативецот на Велс го доби при резултат 1-1 во 47-та минута од мечот. – Такви работи можат да му се случат на секого. Многу е важно да не се повторува често, а ме радува што Бејл на сите им се извина за црвениот картон. Исто така драго ми е што десетте фудбалери на теренот не потклекнаа туку покажаа карактер и стигнаа до реми.

Десеткуваниот Реал се спаси од пораз (видео)

OhridNews