Зинедин Зидан го одработи првиот тренинг како тренер на Реал Мадрид. Првиот тренинг кој го водеше Зидан во тренинг кампот на Реал, во Валбедебес, предизвика голем интерес, што потврдува и бројката од преку 5.000 навивачи кои се наоѓале на трибините.
Според шпанските медиуми, неколку часа пред почетокот на тренингот се создал голем метеж на сите оние кои имаат годишни билети и кои сакале да го проследат првиот тренинг на Зидан, како тренер на Реал. Првиот дел од тренингот го одработил помошникот на Зидан, Давид Бетони, а францускиот ас се појавил на теренот.
Сите играчи биле на тренингот, со исклучок на Герет Бејл кој работел во теретана, а покрај 25-мината кои се во првиот тим, Зидан за овој тренинг ги повикал и играчите од Б тимот Мартин Одегард, Маркос Љоренте и Борха Мајорал.
Зидан на клупата на Реал ќе дебитира на 9.јануари, кога ‘кралскиот клуб’ ќе го пречека тимот на Депортиво.
Ohridnews












