На „Милениум“ стадионот во Кардиф шпанскиот гигант Реал Мадрид на 3 јуни против Јувентус ќе ја брани титулата во Лигата на Шампиони. „Кралевите“ за влез во големото финале го елиминираа градскиот ривал Атлетико Мадрид со вкупен резултат 4-2.
– Знаевме и претпоставувавме дека ќе бидеме под голем притисок во првите 20-25 минути. Тие многу добро го отворија натпреварот и токму до тој момент до кој стрававувме тие поведоа со 2-0. После половина час игра воспоставивме контрола и постигнавме прекрасен погодок кој им ги скрати крилата на домаќините. Во второто полувреме одигра многу подобро и не дозволивме погодок иако Атлетико имаше неколку добри прилики. Многу сум горд на момците, бидејќи патот до финалето не беше воопшто лесен и краток. – изјави Зинедин Зидан.
Финалниот натпревар со Јувентус ќе биде специјален меч за францускиот виртуоз кој токму од Торино се пресели во Мадрид. – Мечот ќе биде нешто посебно за мене. Во финалето се среќаваат двете најквалитетни екипи и две во кои јас поминав поголем дел од кариерата.
„Кралевите“ со евентуален триумф во финалето ќе бидат први кои ја одбраниле титулата, додека „старата дама“ со победа и освојување на трофејот ќе стави точка на губитничката серија во финалето.
Реал Мадрид против Јувентус во Кардиф во финалето во ЛШ ! (видео)
OhridNews