Големите успеси на теренот и акумулираното искуство играјќи за Бордо, Јувентус и Реал Мадрид фудбалскиот виртоуз, Зинедин Зидан комплетно ги преточи на клупата од „кралскиот“ клуб освојувајќи три титули за година дена.


Популарниот „Зизу“ го наследи Рафа Бенитез кој не беше омилен меѓу фудбалерите, а не ги освои симпатиите ниту на навивачите со недопадливата игра. Поранешниот репрезентативец на Франција ја консолидираше екипата и успеа да ја одведе до титули во Лигата на Шампиони, Супер купот на Европа и Светскотко клупско првенство.

– Зидан полека и мудри ги острани сите грешки на Бенитез и што е најважно не ги повтори. Многу, значи многу беше претпазлив со Роналдо кој сака само пофални зборови да слуша за него, нешто што беше реткост кај Бенитез. Исто така Зидан воспостави многу добра комуникација со новинарите, што е многу важно за еден тренер почетник како што беше тој. Ме импресионираше од сталоженоста во текот на мечот, што му дава голема доверба на играчите и ги ослободува од притисокот. – истакна Биксент Лизаразу, соиграч на Зидан од репрезентацијата на Франција.

Тимот на Реал Мадрид во серија е од 39-ет мечеви без пораз, а ако и во следниот меч останат непоразени Зидан и „кралебите“ ќе го надминат рекордот на Барселона.

OhridNews