Прославениот францускиот фудбалер Зинедин Зидан тренерскиот занает ќе го печи со Пеп Гвардиола, кој го води германскиот гигант Баерн Минхен.


Зидан заедно со Клод Макалеле и Вили Сањол ќе бидат дел од тренинзите на бундеслигашот и ќе работат по методите од шпанскиот стратег.

Французинот моментално го предводи Б тимот на Реал Мадрид, а за преземање на некој поголем клуб покрај потребните документи на Зидан му е неопходно искуство.

Првиот тренинг со Зидан „баварците“ го започнаа со минута молк по трагичната авионска несреќа во Франција во која загинаа жители на Германија и Шпанија.

Мх.П.