Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез и шефот на стручниот штаб, Зинедин Зидан со караница ги започнаа подготовките за новата сезона.
Причина за клинчот меѓу Перез и Зидан бил норвешкиот вундеркинд Мартин Одегард. Зидан не сакал да го поведе Одегард на подготовките во Канада, а Перез силно настојувал на такво нешто.
Во договорот на Норвежанецот и Реал Мадрид стои дека тинејџерот мора да тренира со првата екипа пет пати неделно и да биде дел од тимот на зимските и летните подготовки.
Зизу на крајот попуштил и го вклучил младиот норвежанец на списокот патници во Канада меѓу кои се најдоа и неговите синови Енцо и Лука.
За потсетување, Одегард минатата година како 16-годишен фудбалер се пресели во Реал Мадрид за 2.5 милиони од Стромсгод.
Шпанските медиуми овој трансфер тогаш го окарактеризираа како маркетиншки потег, а не обид да се донесе млад и надежен фудбалер кој ќе се развива на Сантијаго Бернабеу.
OhridNews