Францускиот фудбалски стручњак Зинедин Зидан и европскиот шампион Реал Мадрид пуштија рака за нова соработка, односно за продолжување на договорот.

45-годишниот стратег ја потврди информацијата околу новиот договор, но не сакаше премногу да зборува пред новинарите на пресконференцијата за мечот со Бетис во Примера.

Зидан палката во клубот од Сантијаго Бернабеу ја презеде од Рафа Бенитез јануари месец минатата година и успеа да освои две титули во Лигата на Шампиони, една во Ла Лига.

Французинот после 92 натпревари на клупата од Реал Мадрид има импозантен скор од 72 победи, 16 нерешени средби и само 7 порази, што го прави најуспешен тренер во кралската историја.

Реал Мадрид во следните денови се очекува да објави информација со точни детаљи околу новиот договор на Зидан.

OhridNews