Фудбалерите на Реал Мадрид во седмиот обид успеаја да го покорат стадионот во Дортмунд и да ја совладаат Борусија. „Кралевите“ на Сигнал Идуна Парк славеа со 3-1 со двата голови на Кристијано Роналдо и едниот на Герет Бејл.
– Искрено ако сакате да говорам, одигравме совршен натпревар и подобро и да посакувам неможевме. Почнавме одлично, не им дававме да играат со топка и кога го правеа тоа брзо ја освојуваме. Горд сум на момците што сите мои задачи пред мечот ги спроведоа на теренот и победата во Германија е нивна заслуга. – изјави Зинедин Зидан.
Францускиот стратег додаде дека задоволен е од Герет Бејл, кој полека ја враќа формата и од Кристијано Роналдо кој во вистинско време ја покажа светската класа.
OhridNews