Прославениот француски фудбалер Зинедин Зидан со победа дебитираше на клупата од Реал Мадрид во Лигата на Шампиони. „Кралевите“ во првиот осминафинален натпревар со 2-0 ја совлада Рома на Олимпико и зачекорија кон 1/4 финалето.
– Многу сум задоволен од индивидуалните настапи на играчите, но она што ме прави горд е тоа што изгледавме многу добро и организирано како тим. Излеговме на терен и ги спроведевме сите зацртани цели договорени пред почетокот на мечот. Во првиот дел очекувано бевме и ние претпазливи, а во вториот одигравме похрабро што пак подоцна ни донесе капитална предност. Со оваа победа во Рим испративме јасна и гласна порака до нашите ривали, но прво да ја одбраниме предноста на Сантијаго Бернабеу. – изјави Зидан.
И покрај поразот од десеткратниот првак во ЛШ тренерот на Рома, Лучијано Спалети беше задоволен од трудољубивоста на играчите.
– На Олимпико публиката ни аплаудираше бидејќи виде дека се трудиме да направиме нешто повеќе. Но, Реал е многу добра екипа. Фудбалерите метар предност веднаш го прават во километар што е многу важно за овие мечеви. Не сакам да зборувам за физичка подготвеност на играчите затоа што ќе им дадам алиби за следните мечеви, а така не сакам да биде. – рече Спалети.
ЛШ: Реал Мадрид и Волфзбург на пат кон 1/4 финалето (видео)
OhridNews











