Легендардниот француски фудбалер Зинедин Зидан сам и веднаш ја спушти топката околу неговото преземање на Реал Мадрид по евентуален отказ на Рафа Бенитез.


Сегашниот стратег на „кралевите“ се најде на голем удар од навивачите, фудбалерите и светската јавност по дебаклот во Ел класико.

Зидан кој моментално го предводи Б тимот на Реал Мадрид, Кастиља даде свое видување околу најновите пишувања.

– Јас сум тренер на Кастиља, Бенитез на првиот тим од Реал Мадрид и така ќе остане. И на крајот од минатата сезона се пишуваше дека можам да бидам унапреден, но јас самиот знам дека не сум се уште подготвен. Осеќам дека ми треба уште малку искуство за да го преземам првиот тим на Реал Мадрид. – рече Зидан.

Екс фудбалерот на Реал Мадрид имаше блескава играчка кариера, а сите се надеваат на таков учинок кога популарниот „Зизу“ ќе преземе некој клуб од водечките лиги.

Ohridnews