Прославениот фудбалер сега тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан в сабота (20:30ч) на Ноу Камп ќе дебитира во „Ел Класико“ пресметките со Барселона.
По тој повод шпанските медиуми недела дена наназад најавуваат за кои 11-ет фудбалери ќе се одлучи францускиот стручњак во дебито.
Зидан најверојатно ќе експериментира со составот и на Ноу Камп ќе истрча со фудбалери кои сезонава ниту еднаш не започнале еден меч заедно.
На голот очекувано ќе биде Кејлор Навас, во одбраната ќе дејствуваат Данило, Пепе, Серхио Рамос и Марсело, битка на средината од теренот ќе водат Касемиро, Крос и Модриќ додека во нападот нема промени и ќе го предводат Роналдо, Бејл и Бензема.
Најголемата бука за составот се крева поради Данило, Пепе и Касемиро кои сезонава не се прв избор на позициите кои ќе добијат на „Ел Класико. Во првите 11-ет ги нема Иско и Хамес Родригез кои се окарактеризирани како главни виновници за слабите резултати на „кралевите“.
Очигледно, Зидан наумил нешто друго, а како ќе испадне ќе видиме в сабота во 20:30 часот на Ноу Камп.
OhridNews