Избраниците на Зинедин Зидан продолжија со жетвата на трофеи освојувајќи го пехарот од Супер купот на Шпанија. Реал Мадрид во двомечот со Барселона два пати славеше 3-1 и 2-0 заслужено го крена вториот трофеј во новата сезона после Супер куп пехар во Скопје.
– Знаевме дека треба да бидиме подготвени уште на стартот од сезоната, бидејќи не очекуваа три мечеви со екипи од светски размери. Позитивниот исход од Супер куп дуелите добро ќе ни дојде за самодоверба во екипата и добар елан за престојните предизвици. – изјави Зидан и додаде околу начинот на играта на „лос бланкос“. Во првиот дел бевме спектакуларни, интензитет и притисокот на топка беше многу добар. Иако луѓето кога гледаат мислат дека е лесно, но воопшто не е така. Зад сето тоа стои голема работа во и надвор од тренинзите и само играчите можат да кажат дали е лесно или тешко.
Со освојувањето на трофејот во Супер купот на Шпанија, Зидан стигна до 7-та титулата во кариерата од деветте натпреварувања во кои учествувал со Реал Мадрид.
OhridNews