Францускиот стратег Зинедин Зидан ќе биде нов селектор на фудбалската репрезентација на Франција, објавија англиските медиуми.

Според лондонскиот весник „Сан“, Зидан официјално ќе го наследи сегашниот француски селектор Дидие Дешамп по завршувањето на Светското првенство во Катар, 20 ноември до 18 декември.

Зидан досега во кариерата го предводеше само Реал Мадрид. Со шпанскиот клуб освои десет трофеи, меѓу кои и три титули во Лигата на шампиони.

Како фудбалер Зидан настапуваше за Кан, Бордо, Јувентус и Реал.

Со француската репрезентација ја освои титулата светски првак во 1998 година.

OhridNews