Фудбалерите на Реал Мадрид обезбедија пласман во ново финале и можност по втор пат да го одбрана на трофејот, нешто што на никоја екипа до сега го нема направено во Лигата на Шампиони. „Кралевите“ билетот за Киев го чекираа преку Баерн Минхен кој го елиминираа со вкупен резултат 4-3.
Во двата полуфиналните натпревари „кралевите“ имаа почетна негатива, но на крајот успеаваа да го свртат мечот во своја полза. Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан имаше само пофални зборови за фудбалерите кои ја поместуваат границата од натпревар во натпревар.
– По паузата ја подобривме нашата игра. Брзиот гол ни ја врати самодовербата. Реал никогаш не се предава, тоа е во ДНК на клубот. Истото важи и за Баерн. Затоа го сакаме фудбалот. Треба да бидеме среќни што стигнавме до финалето. – изјави Зидан.
Противник на Реал Мадрид во финалето ќе биде подобриот од дуелот помеѓу Рома и Ливерпул. Првиот меч им припадна на англичаните кои славеа со 5-2.
OhridNews