Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан пред мечот со Манчестер Сити донесол одлука да не игра Кристијано Роналдо кој се повреди на дуелот со Виљареал во шпанското првенство.
„Кралевите“ и без него во составот се изборија за поволен резултат (0-0) пред реваншот кој ги очекува на својот стадион Сантијаго Бернабеу.
– Не сакав да рескирам со Роналдо иако тој настојуваше да игра. Имав големи проблеми да го убедам да не игра и дека повеќе ни е потребен за реваншот отколку за овој натпревар. – рече Зидан околу повредата и додаде за мечот. – Шансите се еднакви, нема никој предност поради овој резултат. Единствена наша предност ќе биде домашниот терен и нашите навивачи друго се е еднакво.
Поради повреда и Карим Бензема пред време го заврши мечот откако воопшто не го започна вториот дел на Етихад.
OhridNews