Реал Мадрид два пати во последните три години ја покори Европа, но со таков учинок неможе да се пофали во Шпанија освојуваќи само една титула во седум години. Токму овој учинок бил тема на муабет на состанокот кој го одржале тренерот на клубот, Зинедин Зидан и најдобриот фудбалер во Европа, Кристијано Роналдо.
Португалецот ги пропушти сите подготовки на „кралевите“ поради повредата на коленото добиена во финалето на ЕП. Роналдо по специјална програма се опоравуваше и се очекува да настапи на следните мечеви за „лос бланкос“ во Ла Лига.
Зидан на Роналдо го советувал првите мечеви да одигра со половина снага и да не форсира многу, не поради повреда туку за снагата која ја губи Португалецот докажувајќи се пред светскиот аудиториум.
Роналдо шест сезони по ред постигнува над 50 погодоци, но останува без голгетерски здив во финишот од сезоната кога се кршат копјата на терените ширум Шпанија.
Зидан сака да го избегне тоа и затоаќе почне претпазливо и без форсирање, а тоа на Роналдо ќе му донесе многу свежина пред крајот на сезонатa кога скоро секогаш се решава судбината за титулата.
OhridNews