Реал Мадрид се најде во тешка ситуација по првиот четвртфинален натпревар откако претрпе пораз 2-0 од Волфзбург во Германија.


„Волците“ најдобро го искористија домашниот терен од четирите екипи кои беа домаќини на првите мечеви од четвртфиналето.

– И покрај поразот горд сум на моите играчи. Прво треба добро да се одмориме, а потоа анализираме каде згрешивме. Имаме шанса за пресврт и треба да ја искористиме. – рече Зинедин Зидан.


„Кралевите“ статистички доминираа на теренот, но победува оној кој ќе постигне погодок. – Волфзбург не направи ништо посериозно, но тоа е фудбалот. Нам ни недостасуваше енергија во завршницата. На секоја екипа може да и се случи ова и среќа што пак можеме да се вратиме во игра.

Возвратниот натпревар од 1/4 финалето се игра во вторник на Сантијаго Бернабеу, а Реал Мадрид само еднаш во историјата се вратил од два погодоци негатива.

ЛШ: Шок за Реал Мадрид во Германија, чудно реми на „Паркот на Принцовите“ (видео)

OhridNews