Зинедин Зидан како ретко кој тренер во светот на фудбалот во дебитанската сезона успеа својот тим Реал Мадрид да го одведе во финалето од Лигата на Шампиони.
Противник на „кралевите“ во финалниот меч кој ќе се одигра во италијанскиот град Милано е градскиот ривал Атлетико Мадрид.
– Најдобрата работа во мојот живот беше што можев да играм за најголемиот клуб во светот Реал Мадрид. Но, сега имам уште подобра бидејќи имам шанса да го водам тимот од клупата во финалето од Лигата на Шампиони. – рече Зидан.
Како фудбалер на Реал Мадрид, Зидан стигна до титулата во ЛШ постигнувајќи гол вреден трофеј против Баер Леверкузен во финалето.
– Знам колку е тешко да се освои Лигата на Шампиони. Никогаш не е лесно да се оствари тој резултатот, затоа можеме да кажеме дека направивме огромна работа со пласманот во финалето. Сега, наша задача ќе биде да се бориме до крајот и да го донесеме трофејо на „белата“ страна од Мадрид. – заврши Зидан.
Финалето од Лигата на Шампиони се игра в сабота со почеток во 20:45 часот.
OhridNews