Мадридски Реал обезбеди солидна предност во првиот полуфинален натпревар со Баерн Минхен победувајќи го со 2-1 на „Алијанц Арената“. „Баварците“ поведоа со 1-0 и ја имаа играта и шансите на мечот, но „кралевите“ беа на крајот, тие што се радуваа на победата.

– Тоа е фудбалот. Тие напаѓаа, ние ги искористивме нашите шанси и победивме. Во првото полувреме не бевме многу уверливи, во второто беше подобро. Задоволен сум од резултатот. Сепак, сакам да потенцирам дека нема никакво опуштање и дека ништо не е готово. Имаме поволен резултат пред реваншот, но мора да одработиме коректно. – изјави тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан.

Гостинската победа не е никаква гаранција за „кралевите“, бидејќи во 1/4 финалето со Јувентус во првиот меч во Торино славеа со 3-0, а на реваншот во Мадрид со голот на Роналдо од пенал намалија на 3-1 и се пласираа понатаму. Мечот во Мадрид се игра во вторник на 1 мај.

OhridNews