На 28 мај на Сан Сиро во Милано во финалето од Лигата на Шампиони градските ривали Реал и Атлетико Мадрид ќе се борат за трофејот од најпрестижното клупско натпреварување во светот.
Реал Мадрид меч за титулата во Лигата на Шампиони обезбеди елиминирајќи го Манчестер Сити со победата (1-0) пред своите гледачи по ремито без голови на Етихад пред недела дена.
– Постигнавме нешто, но се уште немаме ништо направено. Сега ќе уживаме во нашиот успех, но да не забораваме дека не очекува веќе в недела нов ваков предизвик во домашниот шампионат. – рече Зинедин Зидан и додаде. – Патевме, се боревме до самиот крај со помош на публиката која повеќе од нас го посакуваше финалето. Драго ми е за играчите кои го заслужија финалето со пристапот на играта во двата мечеви.
Клубот од Етихад нема по добро да го памети првото учество во полуфиналето од Лигата на Шампиони. „Граѓаните“ со ништо не го заслужија финалето откако одиграа анемични мечеви со Реал Мадрид.
– Никој на теренот не направи разлика туку еден среќен момент го одлучи овој двомеч. Се справивме со нивните напаѓачи, но ја изгубивме креативноста во средината на теренот што не е дозволиво за вакви мечеви. – потенцираше Пелегрини.
Прв пат мадридските ривали во финалето од ЛШ се сретнаа во Лисабон пред две сезони, каде Реал триумфираше со 4-1.
Нова градска пресметка на ривалите од Мадрид во финалето од Лигата на Шампиони (видео)
OhridNews