
˝Почитувани граѓани,
Почитувани верници на исламската вероисповед
Ми претставува посебна чест и задоволство, во мое лично име и во името на Општина Струга да ви го честитам Светиот месец Рамазан!
Овој месец претставува месец на пожртвуваност, толеранција и солидарност. Меѓусебното разбирање, почитување и верскиот и културниот соживот се темелите врз кои треба да ја градиме нашата иднина, иднината на нашите деца и иднината на нашето општество.
Нека бидат овие денови, денови на толеранција, мир и меѓусебно разбирање.
Им посакувам на сите верници, постот и нивните молитви да им бидат прифатени од страна Севишниот Алах џ.ш.
Ви посакувам лесен пост и благосостојба во Вашите семејства!˝- се вели во честитката на градоначалникот Села.












