Општинската изборна комисија денеска му го врачи уверението за градоначалник на Зијадин Села, со што тој официјално го започна 4-годишниот мандат. Села кој пред општинската зграда беше дочекан од симпатизери на ДПА, оствари средба со досегашниот градоначалник Размиз Мерко, кој му посака успех во вршење на функцијата.
– Во мојот мандат ќе работам за доброто на сите граѓани без оглед на нивната припадност. Благодарам на довербата и се надевам дека после 4 години во Струга ќе има една поинаква слика.-рече Села.
Кандидатот на ДПА, Зијадин Села, победи на локалните избори во Струга, кои завршија во неделата со прегласување на вториот круг.