Градоначалникот на Струга сака индискиот бизнисмен Субрата Рој да гради и во неговата општина. Тој позитивно гледа на неговите плановиии на источното крајбрежје кај Љубаништа и смета дека само со инвестиции регионот околу Охридското Езеро може економски да зајакне и да напредува.

-Јас мислам дека тоа е добар проект. Сите добри работи треба да се поздрават и не треба да се игра политика со маката на луѓето, а тоа е невработеноста. Добро е што ваква инвестиција доаѓа во Охрид, но би сакал таква и во Струга. Но и да се оствари во Охрид, тоа ќе придонесе за развојот на целиот регион околу базенот на Охридското Езеро.-изјави градоначалникот Зијадин Села.

Села смета дека се додека невработеноста е висока, заштитата на животната средина ќе биде во втор план. Според него еколошката свест за зачувување на околината ќе се зголеми кога населението ќе ги реши основните езгистенцијални потреби.

-Еконосмкиот развој доведува до зачувување на природата. Колку помалку имаме невработени толку поголема ќе е и свеста кај граѓаните кои тогаш на избори ќе гласаат за кадри кои ќе се залагаат за заштита на околината.-рече Села.

Според Села и економскиот развој и заштитата на животната средина во населените места околу Охридскот Езеро треба да се гледаат регионално, посочувајќи дека трите крајезерски града заеднички треба да привлекуваат инвестиции и да ги решаваат отворените  еколошки проблеми.

Г.М.