
„Ете денес ја вратив поканата од таму од каде што дојде …
Да се каже најлосото за мене и моето семејство деновиве не се бираа зборови. Јавноста ја лажеа брутално. Многу пизма и зли мисли. Хипокризија. Инбоксот мој полн со клетви и конкретни закани … Се измислуваа разни проблеми и причини …
Премногу е. Не вреди тоа толку.
Затоа решив да ја вратам назад поканата и да се заблагодарам. Јас не сакам мојот избор на било каков начин да и настети на имиџот на оваа Влада во чија програма и Премиер силно верувам … И како несомнено докажан професионалец и на општствен и на бизнис план силно ги подржувам.
Оттука, му благодарам на премиерот и вицепремиерот за економија на укажаната доверба. Ајде друг пат.“- напиша Зиков.
OhridNews











