Со заладување на времето и почетокот
на зимата, граѓаните треба да посветат повеќе внимание на своите
автомобили. Судејќи по сликите од изминатите години, голем број охриѓани
токму во овој период имаат проблеми при стартувањето на своите
„миленици“ на четири тркала.

Автомеханичарите од градот
информираат дека постои посебна грижа, која граѓаните треба да ја водат
за возилата во периодот кој ни претстои. „Постојат
непишани правила кога станува збор за грижата на возила во овој период.
Во ладилникот мора да има антифриз, кој се менува на секои две години.
Ако мора да се додаде течност, тоа нека биде дестилирана вода. За да
немате проблеми со палањето, обрнете внимание на акумулаторите. Додадете
течност доколку е потребна или извршете мерење на амперажата
“ вели Сашо Симоноски од сервисот „Паце“.

Каблите
за палење нека ви бидат секогаш на дофат, а неопходна е проверка на
„свеќици“ и електричната инсталација во возилото. Исто така возете со
зимски гуми, кои морат да имаат минимум широка шара. Додадете течност
која не замрзнува за бришачите, која се користи при замрзнато ветробрано
стакло. За превенција направете замена на маслото и проверка на
кочниците, филтрите за воздух и светлосните склопови. Исто така
подмачкајте ги шарките на вратите и бравите со средство кое не замрзнува
“ – додава Симоноски.

Инаку,
за потсетување, на сила е законската обврска за поседување на зимската
опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Секое
лице кое управува возило, потребно е да се поседува зимски губи со шара
од минимум 4 мм, или синџири за снег..

O.T.