Субјектите задолжени за одржување на патиштата во зимскиот период ќе ги координираат активностите и навремено ќе делуваат со цел да се овозможи непречено одвивање на сообраќајот во наредниот период. Ова меѓу другото беше заклучено на состанокот помеѓу претставници на јавните претпријатија и служби задолжени за одржување на патиштата во зимскиот период од регионот и  СВР Охрид.


Со цел што поподготвено да биде дочекана зимата, договорено е да се преземат превентивни мерки како што е крпење на дупките, замена на еластични огради, поставување на нови сообраќајни знаци и да се обнови хоризонталната и вертикалната сигнализација. Од страна на Македонија пат веќе се обезбедени 200 тони сол и 250 метри кубни ризла, а механизацијата на јавните претпријатија е во добра кондиција, беше истакнато на состанокот.


Од Македонија пат информираа дека од овој викенд ќе  започне да функционира пунктот во Ботун, а останатите ќе бидат ставени во употреба во текот на идната недела.

OhridNews