Зимбабве поради се поголемата инфлација е присилена редовно да ги зголемува износите на своите банкноти, а најновата пуштена во оптек во вторникот чини 250 милиони долари.

Хиперинфлацијата во Зимбабве изнесува 165 000 %, а Зимбабвеанските долари станаа толку безвредни што за нив може да се купи нешто само ако се во износ од неколку стотини милиони.

Државната телевизија во понеделникот објавила дека новите банкноти ќе го поедностават паричното работење.


Зимбабве, некогаш модел на општествениот поредок во Африка, сега поминува низ најтешката криза во својата историја. Државата е исцрпена од хронични недостатоци, масовна невработеност, раширен глад и драстично намалени животни очекувања.