Културно забавната манифестација „Зимска бајка 2017“, што ќе се одржи во сабота, 23-ти декември во Центарот за култура, уште еднаш го потврди статусот на спектакл на годината и најочекуван настан во Охрид. За само неколку часа ограничениот број на билети кои беа пуштени во продажба беа експресно распродадени и повеќе нема.
Како што веќе информиравме, новата „Зимска бајка“ со безвременските музички хитови и најдобриот хумор, оваа година во супер ѕвездено „пакување“.
На сцената на Центарот за култура „Григор Прличев“ на 23-ти декември, сабота, со почеток во 19 часот, публиката на најочекуваниот настан во Охрид ќе може да го види новото шоу на “Тwo mothers brothers” на фантастичните актери и комичари Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски кои специјално за оваа прилика подготвувија нов материјал, стендап комичарот Сашко Коцев, Ѓоко Танески и неговиот бенд во акустична верзија, како и бендот на Зимската бајка на Емилија Маринова – вокал и пијано, Драган Василески -Пајо (Камелеон) – вокал, Горан Папаз – саксофон, Филип Стојковски Зизи – тапани, Јане Тодороски – бас и Роберт Милески – гитара. Настанот оваа година е дел од манифестацијата „ОД 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“ што градот Охрид ја подготвува за претстојните новогодишни и божикни празници во насока на збогатување на туристичката понуда.
Културно – забавниот спектакл на годината и оваа година ќе има хуманитарен сегмент во соработка со Црвен крст Охрид, хумани граѓани и винаријата Далвина.
OhridNews












