На возачите им се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење по наместа влажните и лизгави коловози и одржување на потребното растојание помеѓу возилата поради честата појава на поситни одрони. Ова особено се однесува за патните правци Маврово – Дебар – Струга, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово. Интензитетот на сообраќај е умерен надвор од градските средини.
Од АМСМ ги потсетуваат возачите на нивната законска обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата која ќе трае до 15 март.