Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива тековно, во зимски услови, без забрани, застои и ограничувања, по влажни коловози.

Појава на слаб снег има на планинскиот превој Буково, но не се задржува на коловозот. Поради почестата појавата на поситни одрони низ клисурите и планинските превои се препорачуваме крајно внимателно возење, прилагодена брзина на движење и одржување на потребното растојание помеѓу возилата.

АМСМ ги потсетува возачите дека од 15.11.2011 на сила е законска обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, која ќе трае до 15.03.2012 година.

OhridNews