Сообраќајот на сите магистрални патишта во Република Македонија се одвива по влажни коловози и остатоци од кашест снег на повисоките места. Според информациите на АМСМ, снег има во Страцин, Крива Паланка, на граничниот премин Деве Баир, Маврово, Стража, Буково, Ѓавато, Пресека, Плетвар, Делчево и во Кула. Забрана за сообраќај за тешки товарни возила има на патниот правец Крива Паланка–граничен премин Деве Баир.
Поради појава на магла, намалена видливост од 50 до 60 метри има на планинскиот премин Плетвар и до 100 метри на планинскиот премин Пресека.
АМСМ препорачува внимателно возење, приспособена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците што минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде што е можна почеста појава на одрони.
Прекин во водоснабдувањето најавуваат во понедленик, 26 октомври, на целата териотрија на Општина Струга од ЈП „Водовод и канализација“ – Струга Прекинот, велат, ќе биде поради изведување работи за...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги потсетува граѓаните дека, согласно Одлука за утврдување на почетокот и завршувањето на летното сметање на времето во 2026 година, обј...
Неговото Високопреосвештенство, митрополитот дебарско-кичевски г Георгиј, во Рим оствари средба со Неговата Сесветост, Вселенскиот патријарх г г Вартоломеј Средбата се одржа во рамките на престојот...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.