Францускиот стручњак Зинедин Зидан непријатно ги изенанди навивачите на Реал Мадрид поднесувајќи си оставка од местото тренер на екипата. Популарниот „Зизу“ од тренерското место заминува пет дена после освојувањето на третата по ред титула во Лигата на Шампиони.
– Тимот мора да продолжи да победува и затоа му треба промена, нов систем и нов човек. Чувствував дека не бев адекватна личност за водење на екипата и затоа одлучив да заминам. Имаше многу комплицирани моменти во текот на сезоната, што ми покажаа дека на некој начин моето време во Реал Мадрид поминало. Оваа одлука ја донесов најпрво за доброто на тимот кој неизмерно го сакам и заради претседателот Флорентино Перез кој цврсто веруваше во мене. Мене Реал Мадрид ми даде се и клубот секогаш ќе остане во моето срце. – изјави Зидан на пресконференцијата.
Првиот човек на „кралевите“, Перез ја прифати оставката и му се заблагодари на Зидан за работата и резултатите во последните две и пол години. – Ова беше неочекувано за мене и за навивачите после освојувањето на ЛШ, но моравме да ја почитуваме неговата одлука. Денеска е тажен ден за мадридистите, но некогаш не одат работите според планот. Вратите во Реал Мадрид секогаш ќе бидат отворени за Зидан кој ни донесе големи радости и успеси. – рече Перез.
После официјалното повлекување на Зидан почнаа и шпекулациите за нов тренер. Како потенцијални кандидати се јавуваат Арсен Венгер, германскиот селектор Јоаким Лев и менаџерот на Тотенхем Маурицио Почетино.
OhridNews