Уникатно дизајнирани парчиња златен накит по најновите модни трендови и од врвни производители, се дел големата понуда на златарницата „Голд-Ал Паско“ која вечерва беше отворена на нова локација, наспроти старата „Нама“, во непосредна близина на стариот охридски Чинар.
Оваа ексклузивна продавница, која е уредена според најсовремени стандарди, на љубителите на накит по традиција ќе им понуди квалитетни производи по пристапни цени.
-Нашата прва златарница мојот татко ја отворил пред 25-години, што значи дека нашето семејство има долгогодишно искуство во трговијата со накит. Со отварањето на новата златарница, која во суштина ја промени само својата локација, ја продолжуваме семејната традиција која се надеваме дека ќе ја наследат и идните генерации. Во новата продавница, нашите ценети купувачи, како и секогаш ќе можат да бидат сигурни дека купуваат и подаруваат квалитетен накит, вели Лидија Паскоска, сопственичка на златарницата.
Освен продажбата на златен накит, златарницата нуди и квалитетни услуги за поправка на оштетен накит.
Покрај широката палета на златни прстени, обетки, белегзии, ланчиња, гердани, приврзоци и други производи, „Голд Ал Паско“ нуди и голем избор на накит од брендот ”Swarovski Elements”.
OhridNews