Уште еден светол пример кој докажува дека знаењето е секогаш на цена, перманентното вложување во себе е императив за успех, а само трудот и трпението нишанат кон посакуваната цел!
Во периодот од 19 до 24 август 2024 година, два тима ученици од Охрид ги презентира своите иновативни проекти во категоријата STEM, област- физика, на глобалното финале на World Innovative Student Exhibition- iWISE што се одржа во Лондон, Англија.

За својата креативност и иновативност тимовите беа наградени со златен и средбрен медал!
Имено, златен медал освоија учениците Елена Попоска, Тамара Шајноска и Петар Зиврев, кои твореа во тим на свој проект, а сребрен медал проектот на тимот составен од Мила Ангелоска и Тамара Чолеска. И двата тима под менторство на наставничката по физика во ООУ „Христо Узунов“-Охрид, Вера Зороска.
Елена, Тамара, Мила и Тамара се ученици кои во учебната 2023/24 година беа деветто одделение во ООУ „Христо Узунов“-Охрид, а Петар втора година во ОСУ „Св. Климент Охридски“-Охрид.

Но исто така учеството на оваа манифрставија им носи на учесниците и можности за попусти на повеќе од 60 универзитети ширум светот, на водечки колеџи и на реномирани училишта за јазици во Обединетото Кралство.
Менторот и учениците им се заблагодаруваат на своите семејства за несебичната морална и материјална поддршка, за понесување на целиот финансиски товар околу апликацијата за визи и котизацијата на Проф-др. Катерина Дрогрешка и Љупчо Јованов од Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ-Скопје, за помош од идеја преку истражување и доаѓање до финален проект, на ПМФ – Скопје и ДФРМ- за техничка помош на дел од истражувањата, на Елисабета Настоска- за помошта при апликација за виза, на директорката и колективот при ООУ „Христо Узунов“-Охрид за континуираната поддршка, на Општина Охрид за обезбеден промотивен материјал за градот Охрид и на сите пријатели кои ги поддржаа на било кој начин и во било која форма.
Исто така голема благодарност до фирмите и поединците кои препознаа квалитет, покажаа доблест и донираа финансиски средства, во рамките на своите можности, и допринесоа во купување на авионски билети за учесниците, а тоа се: Риччи Трговско друштво за производство, промет и услуги Калем Адил Дооел-Охрид, Трпе Инвест Дооел-Охрид, Кинг Филд Доо Охридкинг Филд Доо-Охрид, Антица-Бисер Дооел-Охрид, Небојша Баткоски, Марина Милошевиќ-Николоска, Питон Охрид Доо и ЛТХ Леарница Дооел-Охрид.
OhridNews











