Вондредните услови и редуцираните тренинзи, не им беа пречка на охридските стрелци да остварат нови одлични резултати на Куп натпреварите во Македонија. Нов успех за стрелците донесоа Јована Милевска односно Бојан Спасеновски.

Младата Јована Милевска до првата позиција стигна со нов државен рекорд (617,2 кругови). Таа за 0,2 кругови го поправи претходниот рекорд, кој исто така беше во нејзина сопственост. Во истата категорија на деветтата позиција заврши Марија Ванѓеловска, Ива Маленко финишираше на 12-та, а Калина Чепуњоска се пласираше на 18-то место, во конкуренција од 24 јуниорки.

Во јуниорска категорија Бојан Спасеновски од клубот „Лихнидос“ го освои сребрениот медал. Спасеновски имаше солидни 598,2 кругови, кои беа доволни за второ место на пиедесталот. Кај јуниорите после подолг период се врати Никола Спироски, а прв пат во куп натпреварите учествуваа Даниел Стојаноски, Владимир Здравковиќ, Христијан Србакоски и младата јуниорка Емилија Алексоска.

Во сениорска категорија, Мартина Петровска не успеа да се пробие во топ 3, завршувајќи на четвртата позиција, со резултат од 572.7 кругови.

OhridNews