На Меѓународниот натпревар по астрономија и астрофизика учениците од Охридската гимназија постигнаа извонреден успех пласирајќи се меѓу најдобрите 1% од вкупно 4600 учесници од 68 земји во светот во возраст од 14 до 18 години, информираат од училиштето.

Кристијан Шишкоски и Ева Китрозоска ученици во III година при ОСУ „Св. Климент Охридски” освоија златен медал, додека Нина Стевоска и Горазд Блажески, ученици во II година освоија сребрен медал, додаваат.

Истовремено, велат, Кристијан Шишкоски освои посебна награда за најдобар претставник од Македонија на национално ниво, а ментор на наградените ученици е проф. Виолета Никовска.

OhridNews