Охриѓанецот Димитар Камнаровски имаше забележителен настапт на “Спидо“ натпреварот во Хорст освојувајќи две први места.  

Димитар беше најбрз на делницата од 100 метри во делфин со време 1.33.74 мин. и на 200 метри краул на која постигна време  2.46.94 мин.

Наредниот предизвик за Камнаровски ќе биде настапот во Неус, Германија каде учество ќе земат преку 1.400 пливачи од Германија, Холандија, Луксембург и Белгија.

М.П.