Светскиот вицепрвак Аргентина, најголемото изненадување на претходниот евро-шампионат, Исланд и најредовниот учесник на СП од Африка, Нигерија се ривалите на Хрватска во фазата по групи на Мундијалот во Русија.
Селекторот на „коцкастите“, Златко Делиќ немаше некои посебни импресии од ждпреката која ја проследи во живо. – Можеше подобро, но и полошо. Мислам дека можиме да ја оствариме нашата првична цел и да ја минеме групата иако сите знаеме дека нема да биде ниту малку лесно. Ќе треба да бидиме многу внимателни, имаме доста време да ги анализираме противниците, едноставно ќе мора добро да го отвориме Мундијалот.
Делиќ посакувал да ги избегне атрактивните селекции како што се Аргентина, Бразил, Франција, Португалија.
– Искрено посакував да се избегнат атрактивните противници, не и јаките бидејќи е невозможно. Го добивме Меси, а со него сигурно Аргентина ќе биде голем фаворити, но ние никако нема да се предадеме. Што се однесува до Исланд, добро се познаваме и седевме многу блиску со нивниот селектор при ждребот и ми дошепна дека не не` посакува нас. Нигерија се добра селекција, негуваат игра со физички предиспозиции и ќе треба да најдиме против одговор на тоа. – објасни за противниците Златко Делиќ.
Хрватска мечевите во групите ги започнува против Нигерија, потоа ќе се сретнат со Исланд и на крај со фаворитот во групата Аргентина.
OhridNews