Стручњакот Златко Далиќ успешно ја заврши својата мисија на селекторската клупа од Хрватска, откако ги однесе „коцкасите“ на Мундијалот во Русија следната година. Хрватите во бараж двомечот подобри беа од репрезентацијата на Грција со вкупен резултат 4-1.

Далиќ палката во репрезентација ја презеде еден меч пред да завршат квалификациите после отказот на Анте Чачиќ. Со челниците намерно не потпишал договор, туку усно се договорил и го прифатил предизиквот.

– Благодарам на честитките, но јас тие би ги упатил на сметка на играчите. Одработија се што побарав од нив против Украина и Грција дома и гости и од срце им се заблагодарувам. Моравме да одиграме тактички на реваншот, бидејќи веќе имавме предност од првиот меч која не смеевме да ја испуштиме. Притисокот беше голем негде околу десет тона и само мојата фамилија знае како ми беше овие десеттина денови, но фала Богу се` се заврши како што посакувавме. – изјави Далиќ.

Тој е подготвен да седне на маса со челниците и да преговара за официјален договор и водење на Хрватска на Светското првенство во Русија. – Лесно ќе се договориме. Околу минута време ќе ни треба да пуштиме рака ништо повеќе. Ги замолив играчите само дадат се` од себе и да одиграат за националниот грб. Тоа тие го направија и во соблекувалната после мечот им реков сега да уживаат седум месеци играјќи во клубовите како горди хрвати. – додаде Делиќ.

Хрватските медиуми почнаа со анкети околу селекторската позиција, а во сите од нив Делиќ е далеку во предност од другите конкуренти.

OhridNews