Денес, во просториите на Општина Дебрца, беше извршено официјалното примопредавање на градоначалничката функција помеѓу досегашниот градоначалник Зоран Ногачески и новоизбраниот градоначалник Златко Силјаноски.


Новиот градоначалник Силјаноски се заблагодари за досегашната соработка и довербата добиена од граѓаните, нагласувајќи дека негов приоритет ќе биде транспарентно, одговорно и посветено работење во интерес на секој жител на Општина Дебрца, како и натамошен развој на општината, подобрување на инфраструктурата, унапредување на јавните услуги и создавање подобри услови за живот, велат од Општина Дебрца.
Со ова примопредавање официјално започнува мандатот на градоначалникот Златко Силјаноски.
OhridNews












