По повод 18 години постоење на битолскиот театар „Солза и Смеа“, вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, ќе биде изведена претставата „Златна бубашваба на популарноста 7“.

Станува збор за авторска претстава во вид на шоу или кабаре, со имитација на познати личности, настани, скечеви и музика. Специјални гости во претставата ќе бидат Бојан Стојков и Катерина Петровска, кои се поранешни членови на „Солза и Смеа“.

Почеток на претставата е во 20 часот, а влезниците чинат 100 денари.