Велосипедскиот Клуб Екодорм од Охрид, горд на својот член Јован Јованоски кој во изминатава недела освои два златни медаљони на редовните натпревари за бодовната ранг листа на РМ.

 

Првиот златник Јованоски го освои со триумфот пред триумфалната капија во Скопје. На 03-09-2011 според календарот на Велосипедската Федерација на Македонија, во организација на велосипедскиот клуб Енерџи од Скопје се одржа натпреварот – меморијал Зоран Трајчевски.


Овој натпревар самиот по себе се издвојува од останатите натпревари поради тоа што се вози ноќно време по градските улици низ Скопје, а стартот и целта се пред триумфалната капија.  Интересен натпревар со многуброја публика по улиците во центарот на Скопје, според стилот на Јованоски очекуван беше силен старт и диктирање на силно темпо при што се развиваа и брзини од 48 км/ч.


Новина на ова натпреварување беше употребата на електронска опрема за мерење на времината и брзините на велосипедистите. Поради дефект конкретни времиња и брзини од Јованоски се непознати но сепак јасно видливо беше неговото водство во текот на трката и поминувањето на целта.

Вториот златник Јованоски го освои на традиционалната трка во Прилеп која по четврти пат се одржа на денот на независноста на РМ 8-ми Септември. Натпреварот го носи името Трофеј Мариово.


Кадетите и Мастерс категоријата се натпреваруваат од Прилеп низ Мариово до село Витолиште во дожина од 56 км, а Јуниорите и Сениорите од Прилеп до Битола па потоа искачување низ Мариово до с.Витолиште со вкупна должина од 125 км.

Јованоски уште еднаш ја потврди својата подготвеност за напорни икачувања на првата долга нагорнина од 12% во дожина од 18 км. Од 12 велосипедисти само двајца се потрудија да го пратат Јован со силното темпо, останатите велосипедисти се развлекоја со големо задоцнување.

Следеше брз спуст каде се достигнуваа брзини и од 75 км/ч, па повторно искачување на нагорнина од 10% во должина од 7 км пред самото с.Витолиште. Ова нагорнина Јован ја искачуваше со својот противник Никола од Вело М – Куманово. Во интерсна завршница на последните 300 метри Јован влезе прв на целта.


Напорна недела за Јован, но сепак овие домашни натпревари се добредојдени како тренинг за престојното учество на Балканијадата во Планински Велосипедизам во Нови Пазар Р.Србија која е закажана за наредниот викенд од 16-18 овој месец.

Ohridnews