
Како што пренесува овој медиум повикувајќи се на грчкиот весник “Катимерини”, солунското обвинителство одговорно за регионот на северна и централна Грција доставило 11 предмети во документацијата за Златна зора до Врховниот суд, а еден од нив се однесува на контролите кои ги вршеле членовите на ултра десничарската партија на граничните премини меѓу Грција и Македонија.
„На границата ги “заменуваа” граничрите и вршеа контрола на патниците од ФИРОМ кон Грција. Со узурпирање на власта ги вадеа табличките на автомобилите кои ја имаат кратенката МК, активност која создаде анти-грлка клима во ФИРОМ и лоша слика за Грција во странство.“ – пишува “Катимерини“, пренесува „Утрински весник“.
OhridNews
извор: „Утрински весник“












