Интервенциите на Златна зора на грчко-македонската граница се дел од документацијата за проблематичните активности на партијата кои се во раце на Врховниот суд, пренесува „Утрински весник“.

Како што пренесува овој медиум повикувајќи се на грчкиот весник “Катимерини”, солунското обвинителство одговорно за регионот на северна и централна Грција доставило 11 предмети во документацијата за Златна зора до Врховниот суд, а еден од нив се однесува на контролите кои ги вршеле членовите на ултра десничарската партија на граничните премини меѓу Грција и Македонија.

„На границата ги “заменуваа” граничрите и вршеа контрола на патниците од ФИРОМ кон Грција. Со узурпирање на власта ги вадеа табличките на автомобилите кои ја имаат кратенката МК, активност која создаде анти-грлка клима во ФИРОМ и лоша слика за Грција во странство.“ – пишува “Катимерини“, пренесува „Утрински весник“.

OhridNews

извор: „Утрински весник“