По повод 67 годишнината од прославувањето на денот од  ослободувањето на Скопје 13 Ноември, се одржа традиционалниот ноќен натпревар низ улиците на Скопје, во организација на Велосипедската Федерација на Македонија, Собранието на град Скопје и  велосипедскиот клуб Енерџи. Овој натпревар самиот по себе се издвојува од останатите натпревари поради тоа што се вози ноќно време по градските улици, стартот и целта се пред триумфалната капија.
Интересен натпревар со многуброја публика по улиците во центарот на Скопје. Пред самиот старт учесниците ги поздрави градоначалникот Коце Трајанов, кој воедно го означи и почетокот на натпреварот. 
Јован Јованоски очекувано започна со диктирање на силно темпо при што се развиваа и брзини од 50 км/ч, тоа секако резултираше со триумф со што го исвои златникот 13 Ноември. Голем успех постигна и Петар Упевчески кој успеа да се избори за петтото место со што влезе во листата на парични награди, кои средстава ги одобри градоначалникот, редоследно според категории од прво пласираниот до петто пласираниот натпреварувач.
 
Овој натпревар всушност го означи и крајот на велосипедската сезона за 2011   која за нашиот клуб Екодром навистина беше повеќе од успешна, со вкупно освоени 13 златни, 7 сребрени и 5 бронзени медаљони, односно во планински велосипедизам котираме на високото 2-то место, а во друмски велосипедизам на 6-то место од вкупно 18 клубови членови во ВФМ. 
Ohridnews