Со погодокот од пенал на Андреас Бреме во финалето против Аргентина селекцијата на Германија триумфираше 1-0 и го освои третиот златен медал од Светските првенства.
Четиранаесет години подоцна „златното момче“ од Мундијалот во Италија го допре дното откако западна во финанскиски проблеми и за да ги одплати мора да работи општо користни за општеството.
Долгот на Бреме кој веќе осум години нема континуирана работа изнесува 250 000 евра, а тој може да порасне до 400 000 евра поради неплаќање на ниту една од предвидени рати.
Една од најголемите легенди на германскиот фудбал, Франц Бекенбауер поттикна иницијатива за собирање средства за Бреме кој 86 пати го носел дресот на „панцирите“.
Тој во играчката кариера настапуваше за Сарбрикен, Баерн Минхен, Кајзерслаутен, Интер и Сарагоса.
Мх.П.