Охридските тенисери имаа успешен кам бек на терените, забележувајќи позитивни резултати на првиот турнир од пролетната полусезона кој се одржа во организација на Тениската академија во скопската населба Аеродром.

Најдобар резултат на турнирот оствари Ана Стојановска, победувајќи на турнирот до 14 години. Стојановска во финалето ја совлада Ана Митевска од скопскиот клуб Југ, а во полуфиналниот двобој ја доби клупската колешка, Матеа Билбилоска.

Кај момчињата, Павел Стевковски по три убедливи победи без изгубен сет, во полуфиналето беше запрен од Алек Трифуновски, кој подоцна победи во финалето. Ова е прво бронзено одличје за Стевковски во оваа конкуренција.

За охридските тенисери следуваат два турнири во Тирана, во организација „Tennis Europe“, каде нашите тенисери се борат за бодови на меѓународните ранг листи.

OhridNews