Во период од 5ти до 8ми октомври во Бар, Црна Гора, се одржа 13-тиот меѓународен натпревар на ученици од угостителско-туристички училишта (GАTUS 2025). Во конкуренција на 10 училишта од поранешните југословенски простори, учениците од. РЦСОО „Ванчо Питошески“-Охрид освоија еден златен и два сребрени медали.

Со златен медал во дисциплината “Туристички аранжман” се закитија: Андреа Билбилоска, Вероника Ѓуракова и Ивона Апостолова, под менторство на Милена Илијевска.

Сребрени медали во дисциплината “Готварство” освоија учениците: Давид Димоски, Никола Краљевски и Јован Андов со ментор Васил Талевски, а исто одличје во дисциплината “Угостителско послужување” освоија учениците: Славе Софкоски, Кристијан Нестороски и барменот Виктор Стојчески со ментор: Елена Спироска.

Следниот регионален натпревар на стручните средни училишта од областа на угостителството, ќе се одржи во Приједор, БиХ.

Г.М.